Вчера во Домот на култура „Илинден“ се одржа Втората работилница во рамките на Стратегијата за локален економски развој, со цел изработка на Стратешки план за развој на општина Илинден 2022-2026 година.
Учество зедоа претставници од бизнис секторот, членови на Советот на Општина Илинден, претставници на администрацијата и јавните институции, како и градоначалници на соседните општини, на која беа запознаени со методологијата и процесот на изработка на Стратешкиот план.

Убеден сум дека преку вакви работилници со заедничко залагање и лично вложување ќе дадеме свој придонес во дефинирањето на конкретни цели и проекти коишто ќе бидат од суштинско значење како за граѓаните на општина Илинден така и за развој на локалната бизнис клима и претприемништвото.

Токму со дефинирањето на конкретните цели и проекти и нивно интегрирање во новиот Стратешки план за развој на општина Илинден 2022-2026, ќе ги дефинираме насоките и ќе се воспостави патоказ за развој на нашата локална заедница во наредните 5 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.