Возрасните граѓани на Скопје се придружија денеска на средношколците кои протестираат за чист воздух.

Тие се приклучија на поворката од Министерството за економија и движејќи се низ центарот на градот во моментов се пред Собранието на Република Македонија каде извикуваат: Сакаме да дишеме!

Почна протестот на неколку невладини организации во кој се вклучија и средношколците против енормната аерозагаденост со цел да го свртат вниманието на надлежните за итно справување со оваа состојба. Во знак на солидарност со протестите денеска повеќе средни училишта ја бојкотираа наставата ,а некаде тоа кулминира и со притисоци но и со директорски разрешувања.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.