Вечерва, во 20,30 часот пред Општинска зграда на Гази Баба, ќе биде дадена вонредна изјава за медиуми, при што ќе се обрати Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

За прв пат во историјата на општина Гази Баба се носи ребаланс кој не е поминат на комисија, и без можност за поднесување на амандмани. Се кршат закони, процедури и деловник за работа на општината, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во моментов во салата е тензично. Во тек е жестока расправа во Советот на општина Гази Баба на над 20-часовната седница за ребаланс на буџетот. Провокации, прекршувања на деловникот, законот за локална самоуправа и други прописи…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.