Водовод и канализација – Скопје, го обнови возниот парк со теренски возила за потребите на Сектор Водовод, Сектор за експлоатација и одржување на капацитети и дежурната служба во рамки на Дежурно Информативниот Центар, информира претпријатието.

Седумте теренски возила се набавени и распределени во овие сектори заради полесно извршување на теренските активности и олеснет пристап до специфичните подрачја на кои е распространета мрежата на ЈП Водовод и канализација – Скопје – велат од Водовод.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.