ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека екипите на секторот канализација и механизација во изминатите денови повторно се соочиле со затната канализација како резултат на неодговорно и несовесно користење на канализацискиот систем.

Во селото Драчево на ул. „Речиште“ беа исчистени и одзатнати пет шахти со длабочина од четири метри, како и цевките кои ги поврзуваат. Причина за нивно затнување беше отпад од секаков вид. Апелираме на совесно и одговорно користење на канализацискиот систем и потсетуваме дека истиот не е место за одлагање на отпадот – посочија од секторот канализација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.