Во Зоолошката градина денеска напладне ќе биде промовирана „ЗОО Азбука“ – прва едукативна боенка и песнарка за животните што живеат во ЗОО Скопје. На едночасовна забава со музика и боење ќе биде промовирано цеде со нови песнички и ќе бидат раскажани интересни приказни за животните.

Од 13 часот, пак, во Зоолошката градина ќе има уште еден забавен настан – „School’s out” на кој ќе се слави крајот на учебната година.

Посетителите ќе имаат можност да се дружат и забавуваат со GP и Steffonator – Јутјуб-милениците на најмладите, а специјални гости ќе бидат танчарите од танцовото студио „Денсерс јунајтед МК“ кои минатиот месец во Италија освоија златен медал на Европското првенство во хип-хоп. Ќе има и подароци од пријателите и донаторите на Скопје ЗОО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.