Социјалните мрежи вријат откако градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, како што тврдат граѓаните, покажа на дело како не знае да управува со општината иако ветуваше живот за сите.

Од ветувањата во Карпош за грижење на зеленилото и за квалитетот на животот на Карпошани останаа само празни зборови, а делата на градоначалникот говорат нешто сосема спротивно.

Баш е фино кога општината се грижи за зеленилото и за квалитетот на живот на своите граѓани

Чума поморија, најмалку 10, 30-сет годишни дрва на Булеварот Теодосиј Гологанов, кај Веро во Тафталиџе!!!

Кај сте паркобрани!

Или – НЕМА КЕШ, НЕМА ПАРКОБРАНИ!!!, пишува на својот Фејсбук статус актерот Роберт Вељановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.