Градот Скопје информира дека утре во раните утрински часови ќе се одвива авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Исто така, од утре до петок во период од 22 до 03 часот наредниот ден, ќе се одвива и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот, против возрасни форми на комарци.

Градските власти соопштија дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.

Од Градот ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.