Екипите на „Комунална хигиена“-Скопје секојдневно наидуваат на фрлени маски и ракавици низ градот, посочи на денешната прес-конференција директорот на ова јавно претпријатие, Абдусамед Шабани. Затоа, тој најави дека се планира да се постават посебни садови за таков вид отпад.

На локации каде што има приватни здравствени установи, како што рече Шабани, се фрла медицински отпад и вработените директно се изложени на ризик.

Тој апелира таквиот отпад да се фрла во контејнери и канти за отпадоци, а не по улиците. Исто така, посочи дека проблем претставува и градежниот шут и кабастиот отпад, за што во изминатите години имало неколку акции за собирање на овој отпад, а се планираат и други вакви акции.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.