Општинската организација на Црвен крст од Кисела Вода во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвен крст на Град Скопје во петок 24 јули ќе ја организираат традиционална крводарителска акција во знак на сеќавање на скопскиот земјотрес од 1963 година.

Акцијата, како што информираат од Црвениот крст, ќе се одржи во дневниот центар за дарување во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во период од 9 до 17 часот.

Од Црвениот крст напоменуваат дека акцијата поради КОВИД-19 ќе биде спроведена по посебни протоколи

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.