На социјалните мрежи сеуште се споделуваат искуства од автобуската несреќа кај Карпалак.

Еве сум тука во чекалната пред одделот во Болницата „8 Септември“ каде што се сместени повредените од страотната сообраќајна несреќа. Мојот сопруг е повреден и тука сум за да се најдам доколку сум потребна. За среќа помина се не премногу тешки повреди. Велат дека засега неговата состојба е стабилна. Но тоа не е причината што го пишувам ова.
Тука во чекалната од утринава рано чекаа и уште тројца-мајка, татко и сестра. Ги прашав за кого чекаат, како е повредениот. Таткото ми рече: „Синот се оперира беше повреден зошто скокна од патот за да им помогне на повредените. не можеше да претпостави во мракот дека е високо 4-5 метри. Ја скрши раката, но сепак помагаше и ги вадеше настраданите заедно со мене. Им покажав слика од маж ми и рече: Да, него го извадивме меѓу првите. Сте имале голема среќа.
Благодарна сум на Господ што го сочува маж ми, но и на овие за мене големи луѓе и хери: Нехат Амети и Рамзи Пајазити. Се молам на Господ со лесно да помине операцијата, напиша Моника Наумоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.