Власта на СДСМ, на чело со Шилегов и Заев свесно ги загрозува животите на граѓаните. Ветувањето на најголемиот неработник Шилегов за решавање на проблемот со загaдувањето на Скопје сеуште не е решен и претставува сериозна закана за здравјето на скопјани, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера имавме јавно признание на Државниот инспекторат за животна средина дека во Дрисла се одложува опасен отпад. Депонијата Дрисла изминатиот период многу често се палеше и согоруваше овој опасен отпад, а скопјани дишат загаден воздух. Шилегов молчи и се крие. Дали зад ова се кријат бизнис интересите на мафијата на власт, велат тие.

Од партијата посочуваат дека заради бизнис интересите и малверзациите во раководењето со депонијата на скопјани со години се трујат со канцерогени честички и дека ова е причината поради која Скопје со недели беше на врвот на листата на најзагадени градови во светот.

За ова, како што и самиот Шилегов си призна пред повеќе од една година, дека тој ќе одговара заради неисправното работење со депонијата Дрисла. Уште два месеци останаа од ова неодговорно и криминално владеење на Шилегов. За сите лажни ветувања и за целиот криминал кои го има направено граѓаните ќе му го испорачаат одговорот. Петре Шилегов за два месеца заминува во историјата на Скопје како најнеспособен градоначалник, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.