На 21 март со акцијата „Плати со поезија“ на Јулиус Мајнл кафето ќе може да си го платите со поезија.

Кампањата оваа година се одржува во над 40 држави од целиот свет и во Скопје секој ќе може да си го плати кафето со стих и поезија во „Ревија“, „Паладиум“, „Фонтана“, „Дион“, „Центар бар“, „Бекјард“, „Ла кафе“ и „Сквер 21“.

Таму ќе ве пречекаат Драгана Ефтимова, Наим Иљази, Стефан Марковски, Ксенија Николова, Љубица Шопова, Ирена Јурчева, Искра Донева, Јован Илиески, Слаѓана Атанасова, Исток Улчар, Наталија Наумовска, Перо Сарџоски, Арлинда Бафтиу, Катерина Гогова, Виолета Сековска, Славица Гаџова Свидерска, Михајло Свидерски и Никодин Чернодримски, поети и писатели од Македонија, кои ќе помогнат во пронаоѓање на внатрешната инспирација.

Самите локации може да се најдат тука.

За разлика од минатите години, оваа година, сите кои ќе напишат песна или поема влегуваат во меѓународната наградна игра на Јулиус Мајнл преку која само 6 лица од цел свет ќе може да се запознаат со Том Одел на неговиот концерт во Глазгов на 1 јуни 2019 година. Сѐ што треба да се направи е да се напише поемата или песната, да се сликне и да се постира на „Инстаграм“ со хаштагот #PayWithaPoem.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.