Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, на Фејсбук објави дека градежен инспектор констатирал дека на поранешниот објект на „Хотел Плаза“ повторно се гради без дозвола.

Би сакал да ги известам граѓаните дека по пријава на граѓани, Секторот за инспекциски надзор на Општина Центар, веднаш испрати овластен градежен инспектор на терен, каде е констатирано дека се прекршени законските одредби согласно Законот. Општина Центар, денешното незаконско делување од страна на сторителите, ќе го надополни во претходната кривична пријава и ќе ги преземе сите мерки до надлежните институции, поради недозволени градежни активности кои се одвиваат на територијата на Центар, на поранешниот објект на Хотел Плаза, напиша Богдановиќ.

 

Почитувани,
Би сакал да ги известам граѓаните дека по пријава на граѓани, Секторот за инспекциски надзор на Општина…

Posted by Саша Богдановиќ on Sunday, 22 November 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.