Внукот на Мајка Тереза подготви подарок за папата

Скопје 22.04.2019 / 21:11

Внукот на Мајка Тереза Алојз Гомбар подготви подарок за папата Франциск кој на 7 мај ќе дојде во Скопје, пишува весникот Вечер.

Откако се обзнани дека на папата ќе му дадам подарок, ми се јавија новинари од Франс прес, од државната телевизија на Полска, како и од неколку телевизии од Хрватска и од Словенија. Дури и од САД ме побараа да зборувам во директен пренос за тамошна телевизија. Но, јас решив мојата приказна прво да ја кажам во весникот кој секојдневно го купувам и го читам со години – вели наследникот на Мајка Тереза.

Алојз Гомбар е еден од последните преживеани роднини на Мајка Тереза, кој сè уште живее во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.