Папата Франциск при посетата на Скопје на 7 мај ќе добие личен подарок од скопјанецот Алојз Гомбар, кој е внук и единствен наследник на тапиите на Мајка Тереза. Оваа наша светски позната сограѓанка, токму папата Франциск ја прогласи за светица.

Предвидено е папата да пристигне во Скопје, родниот град на света Мајка Тереза, на 7 мај наутро. По официјалниот пречек, папата Франциск ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, како и со претставници на граѓанското општество и дипломатскиот кор. За време на престојот во земјава, тој ќе има средби и со верски лидери и со сиромашни лица, а ќе ја посети и Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, каде е предвидено Алојз Гомбар на папата да му го предаде подарокот.

Повеќе прочитајте на следниот линк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.