Поради неодговорноста и неспособноста на Петре Шилегов, во Скопје се случува сериозна хаварија, велат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

Шилегов со километарските редици и хаосот со субвенциите ризикува градот Скопје да стане нов корона кластер

Почитувани,

Се случува сериозна хаварија поради неодговорноста и неспособноста на Петре Шилегов. Секој ден стотици Скопјани чекаат ред по неколку часа за субвенции на велосипеди и тротинети во услови кога се случува најсилниот пик на заразата со корона. Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во градот Скопје гласаше за субвенции за тротинети и велосипеди и смета тоа дека е корисен проект, но максимално штетен е хаосот со начинот на аплицирање и колоните редици и оправданата нервоза кај скопјани. Во 21 век Шилегов наместо да овозможи аплицирање по електронски пат, тој го строи народот во колони и редици директно изложувајќи го на закана на корона вирусот. Шилегов со редиците од неколку стотина метри пред град Скопје и хаосот со субвенциите ризикува да стане нов корона кластер. Шилегов со ова станува закана за здравјето на Скопјани. Апелираме веднаш да се смени начинот на аплицирање и документите да можат да се достават по електронски пат или по пошта. Се друго преставува ризикување и поигрување со здравјето на скопјани, стои во соопштението.

Шилегов со километарските редици и хаосот со субвенциите ризикува градот Скопје да стане нов корона…

Posted by Советничка група на Вмро-Дпмне и Коалицијата на Град Скопје on Wednesday, June 3, 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.