Мрзливиот Петре Шилегов може да сруши тоа што самиот го изградил, а бидејќи ништо не изградил, не може ништо и да сруши, реагира денеска советничката група на опозициска ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

Во партиското соопштение се наведува дека јавноста цели четири години слуша како неспособниот и мрзлив градоначалник Петре Шилегов се заканува како ќе руши нешто што самиот не го изградил.

А додека како празна воденица меле закани, дивоградбата во Матка се прошири и надгради, а воедно дивоградбата пред Мавровка доби одново форма и пак се вивна. Зошто мрзливиот Шилегов не отиде и да побара од надлежните институции да ги срушат овие дивоградба, наведуваат од оваа партија.

Опозициските советници наведуваа дека скопскиот градоначалник ги преспал четирите години од мандатот.

Додека се расправаше за загадувањето во градот Скопје во собранието на Република Македонија Шилегов играше игрици на својот телефон, додека цело Скопје беше затворено поради полициски час, Шилегов побрза во својата луксузна хациенда на брегот на Мавровското езеро да се релаксира, додека скопјани чмаеа во нивните домови. Шилегов во 4 години мандат шајка не закова, а да не зборуваме за тоа што не реализира ниту едно ветување од својата програма. Нема нов луна парк, нема нови булевари, подземни кружни текови, тунел под Кале, нема ништо од тоа што ветуваше. Го разбираме, после 4 години мора нешто да зборува, па затоа и се навртел на рушење, но затоа не го оправдуваме, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.