Градоначалникот на Скопје во текот на неговиот 4-годишен мандат нема ниту еден капитален проект за главниот град поради што мора да оди да слави патронати на училишта за да се пофали дека сработил нешто, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Мрзливиот градоначалник Петре Шилегов по четири години мандат, бидејќи нема сработено буквално ништо, оди по патронати на училишта и се фали со сменети клупи и лед светилки во училниците. За четири години ниту почна, ниту направи барем еден круцијален капитален објект во градот.

 

За сметка на ова, мрзливиот градоначалник Петре Шилегов вети и излажа нов објект на средното угостителско училиште Лазар Танев и средното училиште гимназијата Кочо Рацин, а тамо по четири години мандат, Шилегов нема заковано шајка, а не пак да има нов објект – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека се неумесни обидите на Шилегов да се амнестира самиот себе од урбанистичките планови во Железара и Гази Баба, затоа што како градоначалник на Скопје, тој е патрон на сите скопски општини и да се информира за новите урбанистички планови.

Што се однесува до урбанистичките планови во Железара и скопска Гази Баба, мрзливиот Шилегов не може да се амнестира бидејќи тој како градоначалник на град Скопје е патрон на сите општини, дополнително што и градоначалникот на Гази Баба доаѓа токму од истата партија каде што Шилегов е член на Извршниот одбор. Оттука добро е да одговори колку пати мрзливиот Шилегов кренал телефон да се информира или да го запре труењето и дивеењето во Гази Баба предвидено со новите урбанистички планови?

 

Воедно крајно скандалозно е што ги обвини и го стави товарот на граѓаните за создавање на депонии, а целосно ги амнестира градските служби кои не мрднуваат со прст истите да ги санираат. Впрочем, мрзливиот Шилегов е покровител на најголемата градска депонија Вардариште каде без план и валидна документација е создадена дива депонија токму од градското комунално претпријатие. Аман мрзлив Петре, премногу е лажење – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.