Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека во текот на утрешниот ден ќе обелоденат афера која ќе покаже дека градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, има стекнато имот за кој нема покритие.

Зошто градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов има богатство за кое нема покритие како е стекнато?

Како тендерите на град Скопје секогаш завршуваат со најскапата понудена понуда?
Како градот ги мести тендерите?

Кои се омилените компании на Шилегов?

Утре во 11.30 часот ќе обелодениме докази за аферата „Профитер“. Следете! – најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.