Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Град Скопје бара градоначалникот Петре Шилегов да се откаже од набавка на нови автомобили, а Владата од милионскиот бизнис со цвеќиња, за да се пошумат опожарените места.

Иако календарски се уште сме лето, Шилегов буквално две години не е излезен од зимскиот сон и нема решено ниту еден крупен проблем. Градот Скопје две години се соочува со елементарна непогода која се вика Петре Шилегов.  Две години Шилегов, две години неработа, криминали и назадување, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта да го прифати предлогот наместо пари за нови службени возила во градот Скопје, и наместо владата да троши над 700 илјади евра на цвеќиња и икебани, средствата да се пренаменат на пошумување на опожарените предели на Скопска Црна Гора.

За жал, вчера неработникот Шилегов не се откажа од комодитетот на нови службени возила, а Заев од милионските цвеќиња и икебани. Пожарникарите и понатаму остануваат без адекватна опрема, жителите од потенцијалните жаришта под ризик, а скопјани ќе продолжат да дишат нечист воздух. Неработникот Петре Шилегов со приземниот речник и невкусните настапи наместо дворски шут, треба конечно да почне да биде градоначалник на сите скопјани. Да се вразуми и да делува наместо за личниот интерес, за интересот на сите скопјани, се вели во соопштението.

Од ВМРО ДПМНЕ испраќаат апел Шилегов да се откаже од комодитетите платени со државни пари, а Владата од милионскиот бизнис со цвеќиња и под итно да се донесе одлука за пошумување на опожарените места во околината на Скопје.

Наместо неработникот Шилегов и владата да се молат да заврне дожд за да се справат со пожарите, нека ги засукаат ракавите и нека ги решат проблемите, велат од советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.