Од ВМРо-ДПМНЕ обвинуваат дека градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и премиерот Димитар Ковачевски, на тајните средби, освен што договараат тендери, барем да договараат и решение за хаосот со јавниот превоз. Од Партијата истакнуваат дека Скопје е заглавено заради коалицијата СДС-Арсовска, а јавниот превоз колабира.

Директорот на ЈСП поставен од Арсовска е кадар на СДС. Јавноста ги виде фотографиите од Стојковски од централниот штаб на СДС. Со потпис на Стојковски се склучува доворот од 27 милиони евра за набавка на нафта, со фирма на коалицискиот партнер на СДС.

 

Дали Александар Стојковски, директор на ЈСП, кадар на СДС е поставен за да аминува тендери во 4 очи? Зошто ЈСП троши повеќе нафта од тоа што трошеше пред 8 години со повеќе автобуси? Зошто фирмата на владиниот пратеник е победничката на милионскиот тендер за набавката на нафта за ЈСП?

 

Одговорот се крие во коалицијата Ковачевски – Арсовска. А сето тоа се прелева врз нормалното работење на градот и претпријатијата. Јавниот превоз тоне. Приватните превозници се оставени на цедило. Арсовска не си ги подмирува долговите од обврските кои ги има градот и јавните претпријатија под неа, а заради тоа страдаат скопјани.

 

Скопје е блокирано заради коалицијата на СДС и Арсовска. И тоа се повеќе излегува на површина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.