Поради меѓународниот кружен натпревар во автомобилизам ФИА – ЦЕЗ Награда на град Скопје „Скопје-2019“ викендов од 7 до 17 часот ќе биде затворен за сообраќај потегот од крстосницата помеѓу булеварите „Крсте Петков Мисирков“ и „Гоце Делчев“, право до крстосницата помеѓу булеварот „Гоце Делчев“ и улица.„Беласица“, до надвозникот на железничката пруга на исток, северно продолжува до кружниот тек, јужно до крстосницата помеѓу улиците „Владимир Комаров“ и „Беласица“.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.

Променет режим на сообраќај и на патните правци Струга – Дебар и Охрид – Свети Наум

Поради изведување градежни активности за подобрување на црната точка кај населеното место Враништа од денеска се воведува седумдневен променет режим на сообраќај на регионалниот пат Р1201, делница Струга – Дебар, инфомрира АМСМ.

Оттаму посочуваат дека од „Виадукт Трејд“ – Гостивар добиле известување дека од денеска ќе се започне и со изведување градежни активности за подобрување на црна точка на дел од регионалниот пат Р1301, делница Охрид – Свети Наум, во времетраење од седум дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.