Во сабота жителите на Ѓорче Петров ќе протестираат против загадувањето на воздухот, поради нерасчистената депонија во Ново Село.

Граѓаните постојано лоцираат и објавуваат фотографии од загадувачи но од мерките не се задоволни.

Еко здруженијата кои учествуваа на масовниот марш против аерозагадувањето упатија  7 конкретни барања до Владата а рокот истекува утре. Доколку Владата не ги исполни тие повторно ќе излезат на улица.

Главниот град денеска повторно се гуши во смог,  а според мерните станици кои се во функција низ државата , Куманово е на првото место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.