ЈП Комунална хигиена-Скопје за време на викендов кога од петок во 16 часот до понеделник до 05 часот трае забраната за движење, нема да работат бидејќи немале дозвола за движење.

ЈП Комунална хигиена-Скопје работи само првата смена, но ги вложуваме сите напори да се одржи континуитетот во подигнувањето и транспортот на комуналниот отпад, односно сите надземни и подземни контејнери да бидат испразнети еднаш во текот на денот. Додека траат посебните мерки, приморани сме да ја редуцираме динамиката на собирањето и транспортирањето на комуналниот отпад од над 84 000 канти во индивидуалните домаќинства што во претстојниот период ќе се одвива еднаш во неделата и апелираме граѓаните да имаат разбирање за овие одлуки, изјавите од претпријатието за „Слободен печат“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.