Фестивалот „Summerland” кој секојдневно се одржува во Градски Парк и овој викенд нуди забавна програма за сите возрасти. За најмалите, од 19:00 вечерва ќе настапат „Златно Славејче“, а по нив и омилените детски јутјубери ЏП и Стефонатор. Во 21:00, во летното кино, посетителите ќе може да го погледнат македонскиот филм „Џган“. 

Утре од 22:00, на Школка ќе настапи најдобриот европски трибјут на Red Hot Chilli Peppers, а во недела, македонските рапери 2 Бона и Дј Че.

Фестивалот трае до 28 јули, а ќе го затвори етно групата Љубојна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.