Силниот ветеркој беснее низ Скопје ноќва откорна неколку кровови на згради во Карпош.

Како резултат на силниот ветер, отстранети се кровни површини на неколку згради низ Карпош.
Сите наши комунални служби излегуваат на терен, со цел справување со невремето, порача преку „Фејсбук” градоначалникот на општината Стефан Богоев.

Дека екипите се на терен објави и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Се очекува дека силниот ветер кој што дува во градот, на моменти ќе достигне и удари над 70км на час.

Екипите се веќе излезени на терен и започнавме со отстранување на одлетаните кровови и паднатите дрва.

Ве замолувам, секој поединечно, да внимава пред се’ за својата лична безбедност, но и безбедноста на другите луѓе и имоти.

Состојбата се следи и се превземаат соодветни мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.