Екипи на ЈП „Улици и патишта“ во текот на изминатото деноноќие интензивно работеа на расчистување од снегот на велосипедските и пешачките патеки на градските улици и булевари за да овозможат непречено движење на пешаците и велосипедистите.

Екипите на терен ги чистеа патеките на булеварите Февруарски поход, Трета македонска бригада, Видое Смилевски Бато, Борис Трајковски, Митрополит Теодосиј Гологанов и 8-ми Септември.

Зимската служба на Град Скопје будно ја следи состојбата од сите пунктови и во координација со дежурните лица на терен се интервенира според потребите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.