На велосипедистите во Скопје им дојде преку глава, па денес се одлучија да ја блокираат улицата „Скупи“, позната како „Тетовска трошарина“ која важи за една од најфрекфентните во главниот град, пренесува „Инфомакс“.

Десетици велосипедисти протестиираа незадоволни од односот на локалните власти. Според нив, градоначалниците на Скопје и на Карпош и покрај ветувањата се уште ништо не направиле за подобрување на безбедноста и мобилноста на велосипедистите.

Пред десетина дена во рамки на деновите на мобилност градоначалниците на Скопје и Карпош правеа промоција на неколку тротинети. Убав чекор, за пред камери симпатичен признавам, но чекор кој освен нов тротинет за градоначалникот и два-тројца негови блиски од администрацијата суштински не носи ништо како бенефит за граѓаните. Ниту од аспект на безбедноста ниту од аспект на заштита на животната средина и загадуањето, вели Тони Јаревски, советник во општина Капрош.

 

Според него, велосипедистите и жителите кои се движат по овој патен правец се небезбедни и се секојдневно изложени на ризик некој да ги прегази поради недостатокот на тротоар и велосипедски патеки.

Граѓаните на општина Карпош пред се, се луѓе кои имаат изразит степен на урбана култура, луѓе кои што се образувани кои што знаат да проценат и да вреднуваат. Мислам дека севкупното нивно задоволство или незадоволство и од начинот на развој на општината, и од начинот како таа истата се одржува има влијание врз нивното мнение. Сепак, на крајот на краиштата денот на изборите но сепак, од секогаш бил наш став нивното мислење да се почитува, да се цени, да се слуша и да се постапува по она што е приоритет на граѓаните“ – вели Јаревски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.