Во пресрет на Велигден градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со претседателот на Советот Дијана Илиевска во хуманитарна акција поделија 200 оброци храна на социјално загрозени семејства.

Вредноста на христијанството се темели на хуманост и подадена рака за помош.

Во чест на најголемиот христијански празник Велигден денес поделивме 200 хуманитарни оброци на семејства од социјален ризик на територија на општина Гази Баба.

Среќен сум што со нашата денешна хуманитарна акција која ја реализиравме со општествено одговорна приватна компанија помогнавме на оние на кои им е потребна нашата помош.

Повикувам празникот да го поминеме во знак на хуманоста и да го користиме секој миг како можност да помогнеме некому, напиша Стефковски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.