На 13 локации низ Скопје денес по 17. пат се одржува манифестацијата Бела ноќ. Организаторите, Град Скопје и Универзалната сала најавуваат дека ќе има концерти, изложби, кино проекции и други културни перформанси.

Поради почитување на мерките за заштита од ковид-19 ќе биде потребно приложување на сертификат (вакцинација/прележан).

Ова е програмата за сите настани вечерва:

Куршумли ан – 20 часот

Концерт: Фолтин – Eye Cue

Плато пред Куршумли ан – 20 – 24 часот

Изложба: „Скопска стрип акција“ – Томе Трајков

МКЦ Парк – 20.30 часот

Концерт: ПМГ Рекордингс Фестивал 11, Sethstat, Марија Каева, Lufthansa, ПМГ Колектив Оркестар, Blackstate

МКЦ Плато – 20.30 часот

Концерт: ПМГ Рекордингс Фестивал 11, Дарко Јорданов B2B Нино Наумов, ДЈ Магија, Амок Радио ДЈ-и, Илина Ангел B2B Божидар Видоески

МКЦ – 20 – 24 часот

Урбана интервенција: иновативна урбана опрема – Urban snake 2.0

Школка – Градски парк – 20 часот

Изложба: „Занемени“ – Страхил Петровски

Езерце – Градски парк – 20 часот

Твитер награди: #БелаТвитерНоќ

Паркот на авиончето (Аеродром) – 19.30 часот

Концерт: „Ритамот на Скопје“: Пајак, Дани Димитровска и Камерен оркестар, Ѓоко Таневски и Кристина Арнаудова

Велоштад – Транспортен Центар – 20 – 24 часот

Групна изложба: Автобус на уметноста. Учествуваат: Ана Трајковска, Јана Луловска, Доротеј Нешовски, Ана Ивановска, Владимир Здравески, Владимир Милиќ, Марија Јаќовска, Душан Стефановски, Давор Кешкец, Ана Јовановска

Мала станица – 20 – 24 часот

Изложба: „Допирот“ – идни екологии

Чифте амам – 20 – 24 часот

Изложба: „Глува соба“ – Стојан Павлески

Дом на градежници – Зелен покрив – 20 часот

Филмска проекција: „Ехо Фестивал на планински филм“

Три Круши, населба Драчево – 20 часот

Филмска проекција: Кино на трева – “The Whistlers“/„Свиркачите“

Дом на култура – 11. Октомври, населба Ченто – 20 часот

Филмска проекција: Кино на трева – „Bye Bye Morons“/„Збогум морони“

Повеќе за програмата ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.