Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 06.07.2022 година (среда) ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.

Прскањето ќе се врши според следниот распоред:

1. Авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира на 06.07.2022 година (среда), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира на 06.07.2022 година (среда), во текот на денот.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.