Утрово жителите на Ѓорче Петров и Карпош, особено оние кои живеат во близина по течението на Вардар, можеле да почувствуваат силен мирис на чад. Како што пишуваат активистите за чиста животна средина на социјалните мрежи, причината за ова е фактот што повторно рано утрово горела дивата депонија во Ѓорче Петров.

Оваа депонија е една од најголемите во градот и за сега ниту општинската ниту градската локална самоуправа не успеа да најде решение за неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.