Пред Граѓанскиот суд во Скопје утре на пладне ќе се одржи мирен протест на здруженијата „Но пасаран“ и „Стоп за грабежот“ поради основаните сомневања дека во периодот од 2012 до 2016 година АКМИС системот во Основен суд 2 Скопје не работел, па предметите поврзани со БЕГ биле доделувани рачно кај докажани режимски судии.

За истото кривично дело направено во Кривичен суд претседателот на судот Владимир Панчевски е осуден, а претседателот на Граѓански е награден со уште еден мандат. Прашуваме дали кадрите на ДУИ поднесуваат одговорност или таа е само за обичните граѓани, велат од здруженијата во најавата на протестот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.