Утре, 6 јануари, со почеток во 11.00 часот во организација на Здружение за возобновување на православните традиции „Бадникови поворки“ ќе се одржи манифестација во рамките на Бадникови поворки.

Манифестацијата ќе започне во 11 часот на плоштадот пред црквата „Св. Димитрија“ (ул. Црвена Скопска општина). Од 11:45 часот до 12:30 часот ќе се одржи Бадникова поворка од црква Св. Димитрија (ул. Црвена Скопска општина) до соборен храм „Св. Климент Охридски“. Учесниците ќе се движат од ул.„Иљо Војвода“, лево по бул.„Гоце Делчев“, право по бул.„Илинден“, лево по бул.„Св. Климент Охридски“ до пред влезот на Соборен храм „Св. Климент Охридски“ на бул.„Партизански одреди“ во Скопје.

Од тие причини Одделението за Безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците кои гравитираат околу Соборниот храм.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.