На 27.03.2022 (недела) со почеток во 10.00 часот, во организација на атлетски клуб „Фортиус“, ќе се одржи атлетска трка на 10 км – „Водно 10К“, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до Манастирот Св.Пантелејмон и обратно.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај, Единица за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.