Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Сопиште и Карпош, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:15 до 15:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од ул.1 во Општина Гази Баба, во делот од училиштето до обиколницата.

Во периодот од 12:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Штросмаерова“ во Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел корисниците од улицата „Рељо Шестокрило“, како и од улицата „Брегалничка“ во Општина Шуто Оризари.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од сите стопански и нестопански субјекти од село Држилово, село Патишка Река, како и репетиторите на Карст Јаболци и ПЦЦ Хидро во Општина Сопиште.

Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе останат корисниците од улиците „Огражден“ зграда бр.97, „Никола Русински“ зграда бр.4, „Карпошо Востание“ зграда бр.8, бараките на бивша Општина Карпош, како и градинката Орце Николов, Општина Карпош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.