Нов протест против аерозагадувањето организира младинското движење „ Петоци за иднината Скопје“. Револтирани од не носењето на законот, движењето го закажаа во 15 часот пред Собранието каде ќе одржат перформанс со симболично седнување на улица. Протестот е насочен кон пратениците кои според нив го пролонгирале носењето на законско решение за увоз на отпад.

Во ноември 2019-та од власта побаравме да донесе нов закон до крајот на годината. Пратениците почнаа да се занимаваат со овој ургентен проблем дури при крајот на јануари, и продолжуваат бараат изговори за да не го исполнат барањето. Овој протест е насочен кон нив, и затоа мора да се одржи додека сеуште се во Собранието во петок, велат од младинското движење.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.