Премиерот во заминување Зоран Заев го честита Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември. Тој ја продолжи практиката на честитање во празно, па како и на 8 Септември и на 11 Октомври Заев не спомна од кого се ослободило Скопје.

Денеска славиме 75 години слободно Скопје.

Градот врсник на македонската државност и паметник кој гордо ги носи сите лузни што низ претходните векови му ги направија пожарите, земјотресите, водните стихии и политичките и идентитетските егзибиции на неговото лице.

Скопје е посилно од сите потреси кои му се случија.
Скопје е инспирација. Живее во песните, расказите, романите, мемоарите и во приказните за неговите жители и за неговите маала и населби.

Навистина, Скопје ни има дарувано многу, и затоа заслужува да го врамуваме нашиот град во рамките на иднината зашто Скопје е излогот на нашата земја и заслужува да го има најсветлиот сјај.

Безимени честитки

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.