Директорот на ЈП Улици и патишта – Скопје, Сенад Смаиловиќ денеска е разрешен од функцијата. За разрешувањето, скопскиот градоначалник Петре Шилегов објави преку „Фејсбук“.

Почитувани, дозволете ме да ја известам јавноста дека досегашниот директор на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје денес е разрешен од досегашната фунција, напиша Шилегов.

Во полицискиот билтен вчера беше објавено дека на 15 август во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.