Хаотичниот урбанистички концепт што со години се провлекува во централното градско јадро во Скопје предизвикува револт кај граѓаните посебно што никогаш не му се гледа крајот.

Тука под Водно, на крајот на „Водњанска“ меѓу семејните куќи на улицата „Боро Петрушевски“ никна станбена зграда. На местото на малечката куќичка, зад поранешната словенечка амбасада, сега се надвиснува џин од шест ката, пишува Слободен печат.

Кога ќе се изземат сите причини кој и како дал градежна дозвола А2 за станбена зграда меѓу главно двокатните куќи, по кој ГУП или ДУП – останува прашањето дали барем се почитувале основните градежни правила.

-Оваа голгота започна 2014-2015 година, во времето кога градоначалник на Општина Центар беше Андреј Жерновски. Кога со поблиското соседство разбравме дека се предвидува ваков објект А2 тип на домување низ овие тесни улички се активиравме за да дадеме до знаење дека тоа не е во ред. Се обративме до инспекциските служби на Општина Центар и до Второстепената државна комисија и веќе не ја знам динамиката на комуникацијата со сите државни институции, за да дознаеме дека не е дадено одобрение за градба поради инфраструктурен проблем – немањето пристап на амбулатни, противпожарни возила и слично, вели соседот, д-р Андро Грнчаровски.

За сите проблеми кои се појавувале во текот на изградбата на зградата, тој реагирал до општинските служби на Центар кои се задолжени за надзор на градбата според постоечката законска регулатива како и до градоначалникот Саша Богдановиќ.

Иако де факто е очигледно дека градбата нарушува повеќе сегменти, де јуре инспекторите од Општина Центар не наоѓаат ништо проблематично.

На шести мај се обратив до градоначалникот на Центар со допис дека градбата е вон дозволата за градба зошто овие прозорци позади треба да бидат стаклена цигла, но и тоа е вон законот зошто калканските ѕидови не смеат да содржат никакви отвори зошто погледот е директно во мојот двор. И во моите спални соби, вели Грнчаровски кој се уште чека одговор од Општината на ова свое барање по што, согласно правилниците за градба овие прозорци на западната страна треба да бидат затворени, а викендот тоа било направено само делумно.

За сите проблеми кои се појавувале во текот на изградбата на зградата, тој реагирал до општинските служби на Центар кои се задолжени за надзор на градбата според постоечката законска регулатива како и до градоначалникот Саша Богдановиќ.

Иако де факто е очигледно дека градбата нарушува повеќе сегменти, де јуре инспекторите од Општина Центар не наоѓаат ништо проблематично.

-На шести мај се обратив до градоначалникот на Центар со допис дека градбата е вон дозволата за градба зошто овие прозорци позади треба да бидат стаклена цигла, но и тоа е вон законот зошто калканските ѕидови не смеат да содржат никакви отвори зошто погледот е директно во мојот двор. И во моите спални соби, вели Грнчаровски кој се уште чека одговор од Општината на ова свое барање по што, согласно правилниците за градба овие прозорци на западната страна треба да бидат затворени, а викендот тоа било направено само делумно.

Останува нерешен проблемот со пристапот до влезот на новата зграда десно од „Водњанска“, што е апсолутно невозможно, во што не убедува и нашиот соговорник кој во својот двор од истата страна има место за паркинг на четири возила но се откажал од нивно користење бидејќи тој дел веќе е узурпиран или го користат за приод другите соседи.

-Предвидени се 17 паркинг места на две нивоа со лифт во новата зградата. Еве јас од таа страна имам 4 паркинг места во мојот двор но не можам да ги користам. На ваква зграда од булевар не може да се пристапи. Хаос на куб е со паркирањето, дециден е Грнчаровски.

Со оглед на тоа дека станбената зграда се гради цели две години и сè уште не и се гледа крајот, семејството Грнчаровски се прашува како инвеститорот и изведувачот ја замислиле финалната фаза – изработка на фасада, за што единствен пристап на работниците ќе им биде од неговиот двор. Од почетокот на градбата изведувачот и инвеститорот ѕидот не го одвоиле најмалку 3 метри од оној на соседите Грнчаровски, како што е случај со јужната страна каде се граничи со објектот на поранешната словенечка амбасада на „Водњанска“.

Во целиот овој двегодишен период ова градилиште, како и многу други во главниот град, функционира надвор од сите нормативи за градба, воопшто не е обезбедно ниту обележано и тоа не е нотирано како спорно и казниво при инспекцискиот надзор од Општина Центар.

Извор: Слободен печат

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.