Од досега пребројаните гласови независниот кандидат за градоначалник на Скопје Данела Арсовска е во предност пред Петре Шилегов со 56928 наспроти 54272 гласа, што е разлика од 2656 гласа.

Завршено е преброојувањето на 69,78% гласачки ливчиња. Според овие резултати, Шилегов е апсолутен победник во Сарај, Чаир и Шуто Оризари, а во Центар е во блага предност пред Арсовска. Во другите скопски општини Арсовска ги освоила гласовите на скопјани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.