Во координација со Градот Скопје, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје утринава започнаа активности за расчистување на нападнатиот снег, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот.

Претпријатието работи со максимален капацитет и ангажираност на сите расположливи работници на терен, додека од механизацијата се употребуваат специјални комунални возила-мултикултиватори и патарки за расфрлање на сол. Се расчистува централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, Старата чаршија, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“, и „Слобода“, како и сите пешачки мостови во централното градско подрачје.

ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи со активностите  за расчистување на снегот во текот на целиот ден, во согласност со потребата на терен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.