Угостителите кои имаат објекти на скопскиот кеј бараат од град Скопје, поради пандемијата да не ги урива нивните летни бавчи и оценуваат дека улицата која ќе води кон Телеком го сече кејот на два дела и ќе предизвика големи проблеми за безбедноста на гостите.

Планот на градоначалникот Шилегов да направи улица не е добар, велат тие, додека Шилегов уште вчера изјави дека хаосот на кејот мора да се реши.

На фотографијата горе е планот за кејот, со жолта боја е планираната улица која се наоѓа до одобрените бавчи.

Угостителите за планот добиле известување пред неколку дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.