Пандемиjата била пречка за реконструција на стационарот „Лајка“, но не е пречка за вработувања тројца сметководители и само еден ветеринар, како што дознава „Алфа“.

Според извори на телевизијата, на последниот состанок на Управниот одбор била ставена оваа бројка за потенцијални вработувања, но зошто токму сега и зошто само еден ветеринар кога станува збор за грижа на животни? Директорката на „Лајка“ Тина Петрушевска не одговори на повиците и пораките од „Алфа“. Од Град Скопје признаваат дека биле ставени на маса вработувањата, а ветеринари дополнително ќе се приклучувале на тимот.

Со цел почеток на функционирање на новото јавно претпријатие, потребно е ангажирање на кадри од сите профили, од техничко административен до оперативен персонал. Во момент на започнувањето на функционирање на новото јавното претпријатие, техничко-администативниот персонал е потребен за спроведување на јавни набавки и друг вид на административни задачи, а потоа ќе бидат ангажиран и персонал до оперативни задачи, стои во соопштението од Град Скопје.

Сепак останува дилемата зошто се брза со вработувањата, кога стационарот сè уште не е целосно функционален.

Од Град Скопје денеска по којзнае кој пат најавија дека „Лајка“ наскоро ќе почне со работа, а работите финиширале. Но слично, уште лани ова време зборуваше и градоначалникот Петре Шилегов, кој како краен термнин го наведе агуст 2019. Сепак и на средина од 2020, нема прецизнен датум кога конечно стационарот ќе биде отворен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.