Конференција за компјутерска графика, анимација и 3Д ќе се одржи од денеска до 24 март во Младинскиот културен центар (МКЦ), а организатор е М3ДС Академијата за 3Д и гејм дизајн, информираат од Академијата.

„M3Conference“ е тридневна конференција што има за цел да ги соедини дел од глобалните лидери во технологијата, иновациите и бизнисот. Најголемите влијателни личности од светот на компјутерската графика, вклучувајќи ги 3Д областа, анимацијата, филмската продукција, производството на игри, виртуелната реалност, доаѓајќи од врвни компании и студија, ќе ги споделат своите искуства на темите за кои важат за експерти на интернационално ниво. Воедно, ќе ги советуваат учесниците за компјутерската анимација, моделирањето, гејминг-индустријата и филмската индустрија, како и останатите сродни области.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.