Конечно вечерва во Скопје Зоо пристигнаа и пингвините, соопштија од скопската Зоолошка градина.

Тие полека се адаптираат во својот нов дом и ја добија првата вечера, а остварија и прв контакт со своите нови Зоо негуватели. Периодот кој следува ќе бидат во карантин, за полесно да се приспособат на живеалиштето, а ние постојано ќе ве „частиме” со интересни фотографии и видеа се додека не дојде моментот да ги видите и во живо.
Пингвинчињата ќе живеат во современо живеалиште правено по светски стандарди, со голем надворешен базен и внатрешен топол дел со затворен базен, велат од зоолошката.

Се заблагодарија на Град Скопје што им овозможија ново прекрасно катче во градината, со уште попрекрасни птици за првпат кај нас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.