Советот на Град Скопје на денешната итна вонредна седница, донесе Одлука за давање помош на настраданите од катастрофалните земјотреси во Петриња и во Загреб, во кои има човечки жртви и се повредени повеќе лица, информира Грда Скопје.

Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари, односно 2 милиона денари на градот Петриња и еден милион денари за градот Загреб, износ кој го доделуваме на сите градови за вакви и слични неприлики, велат од Градот.

Градоначалникот на седницата изјави дека Скопје е град на солидарноста и знае што значи помош по вакви катастрофи и затоа во кординација со сите советнички групи во Град Скопје е свикана вонредна седница на Советот за да им се додели помош на пријателите од Загреб и од Петриња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.