Погледнете ги овие траорни сцени од еколошката катастрофа што ѝ се случува на река Лепенец во Ново Село, ова не е никаде на друго место туку е во нашата општина Ѓорче Петров, алармираат од граѓанската иницијатива која се бори против урбаната мафија во Ѓорче Петров.

На оваа локација се создаде најголемата, најужасната дива депонија во Македонија‼️
Погледнете и запрашајте се:

Зошто⁉️
Зошто мора да ни се случува токму ова баш кај нас⁉️
Зарем се поважни нечии црни бизниси од она што значи живот за сите Нас⁉️
Зарем немаме доволно еко свест за да си кажеме стоп, крај, нема повеќе да го дозволиме ова‼️

Ѓорчепетровци додаваат дека оваа дива депонија не е закана само за Ѓорче Петров, туку претставува еколошка катастрофа за цел град Скопје.
Тие батаат надлежните да излезат на терен и да превземат мерки за нејзино расчистување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.