После шест неуспешни обиди за закуп на ординација за матичен лекар во поликлиниката во Шуто Оризари, на седмиот оглас денеска се пријавила приватна поликлиника која планира закуп на ординацијата, соопштува Министерството за здравство за кое ова е трајно решение со проблемот со матичен лекар во оваа скопска општина.

-Со ваквиот систем на вршење здравствена дејност во рамките на Поликлиниката се гарантира трајноста на ова решение. Заврши и набавката на опремата за гинеколошката ординација за оваа општина со што Министерството за здравство го реши и овој децениски проблем во општината, соопштија од Министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.